Скопје, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Четворица полицајци вчера биле пред Филозофски/Филолошки факултет, каде студентите веќе седми ден окупираат, откако со Владата и со Министерството за образование не најдоа заеднички јазик, информираа од Студентски пленум.
Полицајците се појавиле околу 11:00 часот пред факултетот и таму се задржале околу половина час, јави Фокус.
Студентите вчера добиле поддршка од своите колеги од Земјоделскиот факултет, кои со транспаренти на кои пишувало „Не“ за државен испит влегле во аулата на Филозофскиот факултет и таму останале неколку часа. Меѓу дел од студентите и полицајците настанала мала кавга, откако идните академски граѓани им објасниле дека тие немаат право да влегуваат на факултетите, бидејќи на тој начин го кршат законот.
Студентите веќе седми ден го окупираат Универзитетскиот кампус. Денес, на нив треба да им се приклучат и нивните колеги од Битолскиот универзитет. (Крај)
извор: Фокус фото: архива