Охрид, 7. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Полицијата денеска влегла во фирмите на советникот од редовите на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини.
Усеини е советник во општината кој стана познат во пошироката јавност откако изгради тераса пред пицерија во заштитеното подрачје на Охрид. Терасата беше прогласена за дивоградба и беше наложено уривање, но таа одлука на локалните власти не беше реализирана.
Тој учествувал и добивал тендери во општината, но по реакција на антикорупциската комисија тие договори беа прекинати. (Крај)
извор: faktor.mk фото: архива
Прочитано: 23