Охрид, 11. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Hа 10-ти ноември 2024 година, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро, реализираа мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура.
– Притоа, на околу 2 километри од брегот на струшкото крајбрежје помеѓу Струга и селото Калишта, пронајдоа и одзедоа три рибарски мрежи со должина од по сто метри и улов од 56 парчиња риба Охридска белвица како и друг риболовен алат. При преземените контроли, полициските службеници, во водите на езерото, затекнале 2 лица, од Струга и Радожда, кои, управувале пловен објект без пловидбена дозвола поради што, ќе им бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес