Струга, 30. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти март 2024 година, во 23:50 часот, на улицата „Ристо Крле“ во Струга, лишено е од слобода 21-годишно лице од струшкото село Велешта.
– При извршен преглед, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана и една дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Во друг случај, на 29-ти март 2024 година, во 22:00 часот, на паркинг простор пред казино во струшкото село Велешта, лишено е од слобода 28-годишно лице од селото Подмолје, општина Дебрца. При извршен преглед, полициските службеници, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.(Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес