Струга, 15. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти ноември 2024 година, во 09:30 часот, при контрола на регионалниот пат Струга-Дебар, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, во паркирано товарно моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, пронајдоа и одзедоа 13,68 метри просторно нежигосано огревно дрво.
– Одземеното огревно дрво е предадено на претставници на Шумската полиција за натамошна постапка, информираат од Секторот. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 22