Струга, 19. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти август 2024 година, во 23:53 часот на улицата „15-ти Корпус“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, од слобода лишија малолетник од Струга кај кого била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
– За настанот биле известени јавен обвинител, Центарот за социјални работи, а во присуство на родител бил извршен службен разговор со малолетникот. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 27