Полицијата пронајде кокаин кај лице од Дебар во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид
јануари 13, 2025

Охрид, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишно лице од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– При преглед извршен во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука