Охрид, 28. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми октомври 2024 година, во 10:30 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Св. Наум“ приведоа германски државјанин на возраст од 51 година.
– При контрола и преглед на патнички автомобил марка „Шкода фабија“ со албански национални ознаки, што тој го управувал, полициските и царинските службеници во неговиот ранец пронајдоа и одзедоа марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 12