Струга, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– При преглед во патничко возило на улицата „Боро Калајџиески“ во Струга, кое го управувал пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 30