Струга, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 28-годишно лице од селото Подмоље, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
– При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, како и една метална дробилка со остатоци од марихуана, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 130