Струга, 19. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти септември 2024 година, во 14:45 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од Oдделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга приведоа 21-годишно лице од струшкото село Луково, кај кое била пронајдена марихуана.
– По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 356