Струга, 13. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
– При контрола и преглед извршен на кеј „8-ми Ноември“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 125