Струга, 27. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти јули 2024 година, во 22:15 часот на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга приведоа 25-годишно лице од струшкото село Корошишта.
– При контрола на патничко возило марка „Фолксваген пасат“, кое го управувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 85