Полицијата пронајде марихуана кај 61-годишен охриѓанец
октомври 18, 2024

Охрид, 18. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти октомври 2024 година, во 10:40 часот, на пресекот на булеварите „Туристичка“ и „АСНОМ“ во Охрид, приведено е 61-годишно лице од Охрид.

– При преглед во патнички автомобил марка „Опел“ со охридски регистарски ознаки што, тој го управувал, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука