Струга, 17. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 47-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
– При преглед во неговото возило, извршен на улица „Петар Ѓонѓески Гиле“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога пронајдоа и одзедоа хероин, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 39