јуни 6, 2023

Струга, 6. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ф.Р. од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– При преглед извршен на улицата „ЈНА“ во Струга, полициските службеници кај него пронашле и одзеле хероин, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука