Полицијата пронајде четири најлонски кеси со непозната бела прашкаста материја кај две лица од Велгошти
јануари 18, 2025

Охрид, 18. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти јануари 2025 година, во 14>50 часот, на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, лишени се од слобода две лица од охридското село Велгошти, на возраст од 35 и 36 години.

– При преглед во патничкото моторно возило во кое се наоѓале, полициските службеници, кај едно од лицата пронајдоа и одзедоа четири најлонски кесички со непозната бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука