Струга, 2. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – На први август 2019 година, во периодот од 20:00 до 05:30 часот во Струга на улицата „Партизанска“ при преземање на мерки и активности од полициски службеници од Полициската станица Струга, извршени биле прегледи врз повеќе лица и возила.
Кај 31-годишниот М.С. од Тетово, при преглед на патничко моторно возило „Опел Мерива“ со тетовски регистарски ознаки биле пронајдени таблети и марихуана, кај Е.А.(29) од Скопје била пронајдена марихуана, кај И.З.(38) од Струга, при преглед на патничко моторно возило „Опел“ со охридски регистарски ознаки била пронајдена марихуана.
Исто така, кај А.Н.(32) од Битола, при извршен преглед била пронајдена марихуана, кај Д.Н (25) од Штип била пронајдена марихуана, кај И.Г.(30) од Скопје била пронајдена марихуана, кај Т.С.(32) од Битола биле пронајдени таблети.
Лицата се лишени од слобода и против нив ќе следат соодветни поднесоци. (Крај)
извор: МВР фото: архива