Охрид, 13. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со традиција од далечната 2008 година, охридски Rent A Car Escape денеска го прославува 16. роденден и останува број 1 компанија за изнајмување автомобили во Охрид, но и многу пошироко.
Како прва компанија за изнајмување автомобили во Охрид, со професионална и тимска работа, но и со макотрпно граден и искрен однос кон клиентите, Rent A Car Escape прерасна во една од најдобрите компании во овој сегмент во Охрид и Република Македонија и најдобро рангирана Rent A Car агенција од страна на странските гости.
На клиентите им ги нудат најнови модели класични автомобили, SUV, моторцикли и велосипеди. Комплетната понуда за изнајмување е достапна на нивната веб страница www.ohridrentacar.com и на профилите на социјалните мрежи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес