Охрид, 10. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатата блогерка од Полска Justyna Mleczak издаде книга за убавините на Република Македонија и ги посочува местата кои, според неа, треба да се посетат.
Меѓу нив секако високо место има и нашиот преубав Охрид, а едно од местата кои топло ги препорачува е и Форт кафе, кафе барот кој се наоѓа под самата Самуилова тврдина.
– Набргу по мојата прва посета на Рамне, дојдов во Форт кафе – моето омилено место за работа кога сум во Охрид. Сопствениците се смеат дека е малку како мојата канцеларија. персоналот ме поздравува оддалеку и секогаш се сеќава дека пијам турско или американско кафе, а тука се чувствувам како дома. Форт кафе е место на контрасти, бескомпромисно верно на својата приказна, кое не е предмет на комерцијално влијание. Форт сме ние, едногласно велат Вики и Оливер Цепенковски. тоа е душата на нашето семејство скриена во предмети и сеќавања, вели Justyna Mleczak за импресиите од Охрид и Форт кафе.
Во книгата се поместени и впечатоците од посетата на „Пирустија Неданоски“, Сања Баче и нејзината „магија“ со микро билките, уметничкото семејство Славко и Никола Упевче, „Книговез“ од Охрид и други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива