Индијан Велс, 18. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Станислас Вавринка-Пабло Карено Буста и Роџер Федерер-Џек Сок ќе играат денеска во полуфиналните пресметки на Мастерсот во Индијан Велс.
Федерер без борба се пласира во полуфиналето откако Ник Киргиос синоќа го предаде мечот поради болест,односно труење со храна го предаде мечот, додека Американецот Џек Сок го совлада Кеи Нишикори во три сета со 6-3,2-6,6-2.
Првата полуфинална двојка вчера ја формираа Стан Вавринка и Пабло Карењо-Буста.
Кај дамите утре во финалето од 20.00 часот ќе гледаме руска пресметка помеѓу Светлана Кузнецова и Елена Веснина. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16