Свонси, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Свонси има нов тренер,откако управата на клубот го потврди доаѓањето на довчерашниот асистент на Баерн Минхен, Пол Клемент.
44-годишниот англичанец потпишувајќи двеиполгодишен договор стана трет менаџер на Свонси оваа сезона, откако претходно клубот го водеа Франческо Гвидолин и Боб Бредли.
Новиот менаџер на „лебедите“ своето деби го имаше синоќа против Кристал Палас и тоа успешно,славејќи на гостувањето со 2-1. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16