Охрид, 5. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридските музичари Петар Маркоски и Јован Бочвароски утревечер ќе настапуваат во Кадмо Lounge Bar, каде ќе ја разубават вечерта на посетителите со акустична свирка.
Маркоски ќе настапи како вокал, а ќе биде придружуван на акустична гитара од Јован Бочвароски.
Младите музичари имаат зад себе богато искуство на музичката сцена. Биле дел од повеќе бендови, а настапуваат и соло. Нивниот заеднички настап ќе биде најава за викендот кој следи.
Утрешната свирка во Кадмо Lounge Bar, надополнета богата понуда на вкусни специјалитети, ќе биде со почеток во 22 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24