јули 14, 2019

Охрид, 14. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Не дека нешто ќе Ве погоди, не дека ќе се симнете од Вашиот Олимп од каде не гледате обичниве смртници, не дека ќе повлечете потег кој не е во Ваша лична или во корист на оние на кои им ги знаете и Ви ги знаат валканиците, не дека…

Сепак, властодржци од двете големи племиња (и останати ситни поддржувачи на ликот и делото), додека го пиете кафето проверете го бројчаникот и прочитајте го уште еднаш писаниево на режисерот Александар Попоски…

„Ако дивоградбите ги разбереме како метафора на нашиот свет, тогаш Горан, треба твоето диво месо да го земеме како рецепт. Значи, јас читам сега диво месо, а Вие слушајте диво градби. Диво месо е верување дека ако некому влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расне и ќе нарасне толкаво да го угуши човека. Месото мора да се откорне со нокти, а раната да се изгори со жар“.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука