Вевчани, 8. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Независниот кандидат за претседател на Република Македонија вевчанецот Господин Попоски упати честитка до сите дами по повод празникот 8 Март.
Во кратка изјава за Супер радио и OhridPress се заблагодари за досегашната поддршка и се надева дека до полноќ, до кога истекува законскиот рок за собирање на 10.000 потписи, ќе успее да ги собере и да обезбеди претседателска кандидатура.
Честитајќи го празникот, тој ги повика сите дами од сите градови низ Република Македонија масовно да излезат и да му ја дадат потребната поддршка. Вели дека поддршка очекува и од студентите.
Доколку сепак не успее да обезбеди место во трката за претседател, апелира до идниот претседател и Собранието, 8-ми Март да биде неработен ден за припадничките на понежниот пол. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес