Охрид, 26. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Трет ден на Охридскиот хорски фестивал, а на програмата се предвидени поп и фолк концерти како и два натпреварувачки концерти.
Во периодот од 10:00 до 11:20 часот предвидени се поп и фолк концертите на кои ќе настапат хорови и вокални ансамбли од Босна и Херцеговина, Турција, Чешка, Романија, Русија и Србија.
Во попладневниот термин од 17:00 часот се третиот и четвртиот натпреварувачки концерт, на кој меѓу другите ќе настапи и домашниот мешан хор „Стив Наумов“. Сите концерти ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Горица“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 46