октомври 3, 2017

Охрид, 3. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради огромен интерес кај публиката за хит комедијата „Не се клади на Енглези”, во изведба на актерите од МНТ, ќе има и втора изведба, истата вечер на 6-ти октомври.

Првата изведба која е распродадена е од 20:00 часот, а вторта од 22:20 часот.

Билетите за втората изведба од денеска се веќе пуштени во продажба на билетарата на Центарот за култура „Григор Прличев”, која работи секој ден од 10:00 до 20:00 часот. Цената изнесува 200 денари.

Автор на „Не се клади на Енглези”е Владимир Ѓурѓевиќ, во режија на Синиша Евтимов. Играат актерите на МНТ: Оливер Митков, Сашко Коцев и Александар Микиќ.

Претставата го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата…

Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство.

Темата на претставата е карактеристична за постранзициските држави во регионот каде игрите на среќа заземаат доминантно место во животите на голем дел од луѓето и претставуваат единствена надеж за заработка и за подобар живот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука