Минск, 11. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во цела Украина може да биде воведена воена состојба.
Владата и парламентот на земјата имаат подготвеност за слични активности, доколку не се реши конфликтот со проруските сепаратисти. Ова го соопшти украинскиот претседател Петро Порошенко.
– Владата и парламентот се подготвени да се воведе воена состојба во Украина, изјави Порошенко на состанокот на владата во пресрет на мировните преговори во Минск.
Денес во Минск присуствува германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, шефот на државата Украина, Петро Порошенко и рускиот претседател Владимир Путин, за да разговараат за запирање на огнот меѓу завојуваните сили. Средбата се фокусира исто така врз повлекувањето на тешкото вооружување од Донбас и создавање на демилитаризирана зона. (Крај)
извор: ОхридПрес/Интерфакс фото: архива