Минск, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – До овој момент нема добри вести од средбата во Минск, бидејќи Русија поставува неприфатливи услови, изјави за АФП украинскиот претседател Петро Порошенко.
– За жал сеуште нема добри вести, ги коментираше Порошенко преговорите меѓу лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија. „Постојат услови кои за мене се неприфатливи“, изјави тој, одбивајќи да даде повеќе детали.
– Преговорите продолжуваат. Преговараме постојано, како што гледате, ситуацијата е многу тешка. Ангела Меркел и Франсоа Оланд многу ни помагаат, но засега ситуацијата е сложена, изјави тој за време на кратката пауза по повеќе од 14-часови преговори во Минск.
Ниту еден од учесниците во преговорите, освен Порошенко не даде коментар за исходот од разговорите. (Крај)
извор: ОхридПрес/АФП фото: АП