Охрид, 12. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Порталот WebOhrid денеска одбележува пет години од своето постоење.
Започнаа со работа на денешен ден во 2012 година, со симболичен електронски цагер, 12 часот 12 минути и 12 секунди, а низ годините со љубов, посветеност го отвараа прозорецот кон вистината.
Од WebOhrid велат дека и во иднина објективноста ќе биде она по што ќе бидат препознатливи.
Екипата на Супер радио и OhridPress им го честита роденденот, со желби за уште многу години успешна работа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26