јули 15, 2019

Скопје/Охрид, 15. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од полноќ нова, повисока цена на нафтените деривати.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,5 денари, а на Еуродизел и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за еден денар.

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 ќе биде 70,50, на Еуросупер БС-98 72,50, на Еуродизелот 62, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 денар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 1,343 ден/кг. и ќе чини 36,081 ден/кг. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука