Скопје/Охрид, 26. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Следнава недела дизелот ќе се точи по нова, бензините по стара цена.
Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила од ноќеска по полноќ.
Според новиот ценовник, бензините Еуросупер БС– 95 и Еуросупер – 98 остануваат исти како и минатата недела, односно ќе се продаваат по цена од 66,50 и 68,50 денари. Дизелот пак поскапува за половина денар и ќе се точи за 61 денар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 51 денар за литар.
Со одлуката на Регулаторна за 0,924 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,574 денари
Ценовникот ќе остане во сила до следниот понеделник. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива