септември 1, 2017

Охрид, 1. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, синоќа во 20:01 часот регистрира земјотрес кој потекнува од преспанското епицентрално подрачје.

Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северно од Ресен, а беше почувствуван од населението во Ресен и околината со интензитет од III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.

Земјотресот со послаб интензитет беше почувствуван и во поширокиот регион на Охрид. (Крај)

извор: Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука