Охрид, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сојузот на спортови Охрид организира избор на најдобар спортист.
Денес е последнот ден кога може да се поднесат апликациите.
Изборот се однесува на спортисти и спортски екипи во повеќе категории: најуспешен спортист – поединечно, најуспешен млад спортист – подинечно, машки и женски, најперспективен млад спортист – поединечно, машки и женски, најуспешна спортска екипа, најуспешен спортски тренер, и најуспешен спортски работник.
Ќе бидат доделени и Признанија за животно дело, најмасовен клуб, фер плеј, спортски презентер.
Апликациите можат да се доставуваат уште денес на електронската адреса [email protected] или во просториите на кајак кану клубот Стрмец- Охрид, во бараките на поранешен Гранит на крај од кејот после Хотел Гарден.
Изборот на најдобрите ќе го изврши комисија, избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови Охрид, составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот на спортови Охрид.
Планиран термин за церемонијата на прогласување на најдобрите, е 16 јануари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива