јуни 28, 2019

Охрид, 28. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Организаторите ги прават последните подготовки за новото, јубилејно издание на Интернационалната Уметничка колонија „Дебрца“, која преставува најмасовна културна манифестација во општина Дебрца.

Активно постои веќе полни 35 години, а свеченото отворање е во недела, на 30-ти јуни, во галериските простории на колонијата во селото Белчишта.

Програмата ќе започне во 20:00 часот во салата на ОУ „Дебрца“ во селото Белчишта со поетско читање на проф. д-р Мито Спасеноски. За историјатот на колонијата ќе зборува Ѓорѓи Целески, по што поздравен говор ќе има и претседателот на ликовната колонија Зоран Јолески. Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески ќе ја прогласи за отворена колонијата, по што ќе се доделат плакетите за посебен придонес и афирмација на Ликовната колонија од страна на претседателот на УО Зоран Јолески. Програмата предвидува и поетско читање на почесниот Конзул на Монголија во Македонија Литов Намдаг Јанчивин и посета на галериската поставка во зградата на ликовната колонија во селото Белчишта.

На колонијата учествуваат 12-15 учесници кои творат на територијата на Дебрца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука