февруари 26, 2017

Охрид, 26. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полека финишираат градежните зафати започнати уште во ноември минатата година за поставување на семафори на пресекот на булеварот „Железничка“ со улиците „Егејска“ и „Кленоец“.

Граѓаните кои живеат во овој дел на градот се соочуваат со огромни проблеми при преминувањето на улицата, а возачите редовно се жалат на потешкотии при приклучувањето во сообраќајот.

Со поставувањето на семафорите треба да се стави крај на проблемите на пешаците и возачите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука