Охрид, 23. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од денес општина Охрид постави штандови на кои граѓаните ќе може да го пополнат анкетниот прашалник „Да планираме заедно“ преку кој ќе се чујат нивните мислења и предлози при изработката на Планот за одржлива урбана мобилност.
Штандови од 09:00 до 12:00 часот ќе има пред општинската зграда, а од 18:00 до 20:00 часот на Плоштадот кај Чинарот.
Покрај тоа, анкетен прашалник е веќе посравен и на веб страницата на општината.
Планот за одржлива урбана мобилност –ПОУМ се изработува со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на CO2, да се растовари сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на безбедност и сигурност на граѓаните и да се подобри социјалната интеграција и еднаквост. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива