ноември 8, 2017

Охрид, 8. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот Јован Стојаноски оствари средба со Ајтекин Ајден, програмски координатор за Република Македонија на Турската агенција за координација и соработка „ТИКА“.

На средбата која се одржа на иницијтива на родителите Ајнур Абдула, Фарије Реџеп и Емир Муфти, беше разговарано за можноста за изградба на нова училишна зграда на местото на старата зграда од ОУ „Братство и единство“ на улицата  „7-ми ноември“.

Од страна на градоначалникот беа презентирани сите документи кои беа побарани од страна на претставниците на „ТИКА“ кои понатаму ќе бидат презентирани на повисоко ниво во оваа агенција.

sredbastojanoski

Турската агенција за координација и соработка „ТИКА“ е дел од Претседателството на Владата на Република Турција, а во Република Македонија е присутна и функционира од 2005 година, со своја Канцеларија за програмска координација. (Крај)

извор/фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука