Софија, 31. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Софија, Бугарија беше потпишана Декларацијата за заеднички инфраструктурни проекти меѓу Македонија, Албанија и Бугарија, во што спаѓа и проектот за изградбата на автопатот “Мајка Тереза” од Кичево до Охрид.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, е во работна посета на Република Бугарија, на еднодневен Форум на тема Балкан-инфраструктурно и транспортно поврзување меѓу Црното и Јадранското море. На форумот покрај министерот Јанакиески присуствуваа и Министерот за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Република Бугарија Николина Ангелкова и Министерот за транспорт и инфраструктура на Република Албанија Едмонд Хаџинасто.
На форумот беа истакнати добрите меѓусоседски односи помеѓу државите како и можностите за понатамошна соработка во делот на транспортот, патната и железничката инфарструктура. Беа потврдени најавените проекти за комплетно железничко поврзување на Коридорот 8 меѓу Албанија, Македонија и Бугарија. (Крај/М.М.)
извор: ОхридПрес фото: архива