Струга, 23. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипите кои беа дел од акцијата за пронаоѓање на Крсте Маркоски-Кече од селото брчево, кој два дена беше исчезнат, го пронајдоа во близина на браната „Глобочица“, за жал починат.
Според првичните, неофицијални информации, на телото немало траги од насилна смрт. Се очекува соодветните служби да излезат со официјални информации за причините кои довеле до смртта на 60-годишниот Маркоски. (Крај)
извор: strugaonline.mk фото: strugaonline.mk
Прочитано: 425