Скопје, 14. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фондацијата Златна Рипка повикува на помош за лакување за малата Јована од Скопје.
Фондацијата за исполнување на желби на тешко болни деца “Златна Рипка”- Скопје е доброволна, невладина и непрофитна организација. Од организацијата ги посетуваат болните деца, на кои им е потребна финансиска помош за лекување во земјава или странство, а симболично им подаруваат златна рипка. Овој пат тие апелираат да се соберат средства за лекување на Јована.
Фондацијата Златна Рипка- Скопје, е поддржана и од трите мобилни оператори и можете да донирате преку СМС порака, 100,00ден +18% ДДВ на следниве броеви:
Од мрежата на Т-мобиле: 070/ 143 – 300
Од мрежата на ВИП : 077/ 143 – 500
Од мрежата на ОНЕ: 075/ 143 – 800
Може да се донира и преку отворената жиро сметка.
Жиро сметка 210-0699038001-75
Тутунска Банка АД Скопје
извор: ОхридПрес фото: Фондацијата Златна Рипка