Струга, 17. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Дваесет илјади евра чини терапијата на 10-годишниот Благојче Рембоски од Струга кој има потреба од наша помош. Неговите најблиски апелираат до сите хумани граѓани да помогнат за тој да има детство како сите негови врсници.
– Од негова три годишна возраст Благојче се бори со пречки во развојот, анксиозност, хиперактивност и недоволна комуникација. По направените испитувања во Русија, посочено е дека е најдобро да прима терапија за подобрување на состојбата во приватна клиника во Србија. Ние како родители, не сме во можност да ја платиме сумата што е потребна и ни е потребна помош, апелираат родителите на Благојче.
Тие ги молат сите граѓани кои се во можност да им помогнат.
Податоци за донации:
Симона Рембоска
дознака: донација за Благојче Рембоски – Струга
жиро сметки во Халк банка:
денарска: 270700101135738
девизна: 0727070010124
извор: ОхридПрес фото. архива