Охрид, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 23 часот ќе биде запрена водата од сите пумпи во градскиот водовод во Охрид.
Ќе има прекин во водоснабдувањето до четврток, до 17 часотм потсетуваат од Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Проаква“- Работна Единица „Водовод“.
Вечерва ќе се врши измивање на водоводните системи. Утре ќе има чистење на главните резервоари. Екипи ќе вршат главна поправка, репарација, поправка на транзитни водоводни системи и санација на вентили од поголеми профили, како и санација на водомерни шахти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27