Скопје, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 86-годишна возраст, вчера почина една од најталентираните македонски изведувачи на народна музика – Вања Лазарова.
Таа остави позади себе богатство од неповторливи музички интерпретации.
Родена на 27 април во 1930 година во с. Страцин, Кратово, Вања Лазарова неуморно го освојувала светот со својот божествен глас. Настапила во Ројал Алберт Хол во Лондон, а со нејзиниот глас биле почестени кралицата Елизабета II и премиерот Винстон Черчил. Работела и во операта при МНТ, а била членка и во „Танец“.
Таа воедно е првата македонска пејачка која снимила плочи за издавачките куќи Philips и Poligram. (Крај)
извор: МИА фото: MKD.mk
Прочитано: 41