Струга, 1. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Почина д-р Димитар Трпеноски, независен пратеник во првиот парламентарен состав.
Трпеноски е роден во 1934 година во селото Вевчани, Струга. По професија беше лекар хирург кој завршил специјализација на Воено-медицинската академија во Белград и постдипломски студии по хирургија на Медицинскиот факултет во Белград.
За пратеник беше избран во два мандата од 1991 до 1998 година, од кои во вториот мандат како кандидат на листата на Сојузот за Македонија.
Погребот ќе се одржи на 2 август во 13:00 часот, на градските гробишта во Струга. (Крај)
извор: Тв 24 фото: Тв 24
Прочитано: 24