Охрид, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во 75-та година од животот, денес во Охрид почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески.
Спасески својата спортска кариера ја започна во фудбалскиот клуб „Охрид“, а играл и за повеќе клубови како „Брегалница“ од Штип, „Работнички“ од Скопје, „Пелистер“ од Битола, „Победа“ од Прилеп, „Младеновац“ од Република Србија. Во неговата биографија стои дека играл и за Студентската репрезентација на СР Македонија во 1961 година.
Војислав Спасески долги години беше тренер на Фудбалскиот клуб „Охрид“, а како неуморен спортски работник беше и основач на подмладокот на охридскиот фудбалски клуб.
Посмртните останки на Спасески ќе бидaт изложени утре од 12:00 до 13:00 часот во капелата на Градските гробишта во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива