Охрид, 1. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид се полни, започнува гужвата во пресрет на празникот Илинден, со што е отежнато одвивањето на сообраќајот кон градов.
Претпладнево во близина на превојот „Стража“ се судриле два автомобили, полицијата врши увид, поради што има застој во одвивањето на сообраќајот.
Охрид го живее шпицот на овогодинешната сезона. За време на продолжениот празничен илинденски викенд сите ќе бидат во Охрид. Голем е бројот на странските туристи, кои организирано во групи со авиони или автобуси, или поединечно доаѓаат во градот под Самуиловата тврдина. Но, тука се и домашните гости кои или имаат свои станови или користат приватно сместување. Праксата низ годините се потврди и овој пат, редовно пред, за и по Илинден богата и разновидна е и кутурно-забавна понуда, со содржини за сите вкусови и генерации.
Високите температури се очекува дополнително да го зголемат интензитетот на сообраќајот на патните правци кои водат излетничките места, езерата и кон граничните премини. Потребно е учесниците во сообраќајот да бидат максимално одговорни и внимателни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината спрема поставените ограничувања и кон условите на патот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива