Охрид, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Почнуваат свеченостите на Општина Охрид за одбележување на 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Денес напладне во големата општинска сала ќе биде промовирана втората книга „За македонистиката отворено“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов. Промотор ќе биде д-р Бобан Карапејовски.
Централната свеченост по повод празникот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:30 часот. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, како и богата културно-уметничка програма.
Утре од 10:00 часот во Градскиот парk ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 89