јануари 30, 2017

Охрид, 30. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска до 3 февруари ќе се спроведува екстерно тестирање на матурантите.

Државниот испитен центар соопшти дека ќе бидат опфатени ученици во завршни години во средното образование.

Една недела пред тестирањето учениците добија информација за деновите на тестирање, а во петокот училиштата ги објавија и распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари 2017. Учениците кои ќе имаат приговор, ќе можат да се обратат писмено до испитниот центар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука