октомври 28, 2017

Охрид, 28. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во три часот по полноќ, со враќање на стрелките на часовникот еден час наназад започнува зимското сметање на времето и ќе трае до последниот викенд во месец март.

Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.

Група од 70 пратеници во Европски парламент се залагаат за укунување на директивата на Европска комисија за поместување на стрелките на часовникот двапати годишно. Барањето за укинување на промена на времето двапати годишно покренато е поради се поголемиот број докази за негативното влијание на таквата пракса.

А, до укинувањето на промената на времето, вие не заборавајте стрелките на часовникот да ги вратите еден час назад. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука